Најниски трошоци за работната сила во Европската Унија има во Бугарија и Романија, а највисоки во Луксембург.
Како што објави „Евростат“, работник во Бугарија за еден час работа добива 8,2 евра, додека во Романија разботниот час изнесува 9,5 евра. Од друга страна, најскапи работни часови има во Луксембург 50,7 евра, Данска 46,8 евра и Белгија 43,5 евра,
Со тоа, просечните бруто трошоци за вработените во ЕУ за еден работен час во 2022 изнесувале 30,5 евра.