Компанијата Мекдоналдс оваа недела привремено ги затвора своите канцеларии во САД бидејќи се подготвува да ги извести вработените за отпуштања.
Според нив, тоа е дел од поширокото преструктуирање на компанијата, соопшти VSJ.
Во внатрешната е-пошта испратена до вработените во САД и некои меѓународни вработени минатата недела, најпопуларниот синџир на ресторани за брза храна побара од вработените да работат од дома денес до среда.
Не е јасно колку од нив ќе бидат отпуштени, објави весникот, а во е-пошта од компанијата со седиште во Чикаго, се наведува дека во текот на неделата, почнувајќи од 3 април, ќе бидат соопштени „клучните одлуки поврзани со улогите“ и бројот на персоналот на компанијата.
Мекдоналдс исто така побара од вработените да ги откажат сите состаноци со продавачите и другите надворешни соработници. Ројтерс понатаму потсетува дека компанијата во јануари објави дека ќе ги разгледа нивоата на корпоративниот персонал како дел од својата деловна стратегија, што може да доведе до отпуштања во некои области и проширување во други.
Инаку, Мекдоналдс е само уште една во низата американски (и светски) компании кои прават вакви кратења. Покрај тоа, дури и моќната UBS која неодамна го презеде Credit Suisse - најави елиминација на околу 30 отсто од работните места.