Здравствените синдикати на Клиничкиот центар и Синдикатот за здравство и фармација постигнаа договор со претставниците на Министерството за здравство за зголемување на платите.
Со овој договор се предвидува медицинските сестри да имаат покачување од 3.000 денари, а 2.000 денари да добијат сите вработени во здравството.
Зголемувањето ќе почне со платата за овој месец.