Австралија ќе ја забрани кинеската апликација ТикТок на сите владини мобилни уреди, со што ќе се приклучи на серија слични безбедносни одлуки во голем број западни земји.
– Таквата одлука е донесена по совет на австралиските разузнавачки служби и ќе биде спроведена што е можно поскоро, наведе Драјфус.
Можеби ќе ве интересира: Зошто Италија го забрани ChatGpt?
Тој додаде дека евентуални исклучоци ќе бидат дозволени од случај до случај и со спроведување на соодветни безбедносни мерки.
Според австралиските медиуми премиерот Ентони Албанезе се согласил да го забрани ТикТок на сите владини мобилни уреди откако добил совет врз основа на анализата на Министерството за внатрешни работи.
Извор: kurir.mk