Сајмон Калдер, британски експерт за патувања, го оцени Охрид како „дестинација за сите времиња“ и го опиша како неверојатно убава дестинација за одмор и ги повика британските туристи да ја посетат оваа дестинација.
Ова лето, започнувајќи од јуни, ќе има по два чартер лета неделно од Манчестер и од Лондон до Охрид, а заедно со редовната линија од Лутон до Охрид тоа се вкупно три до четири лета неделно. Со оглед на тоа од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот летово се очекуваат од 5 до 7 илјади британски туристи во државата.
Ова го потврди и првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, кој за весникот ВЕЧЕР, рече дека оваа лето започнувајќи од јуни ќе има по два лета неделно од Манчестер и од Лондон до Охрид, а заедно со редовната линија од Лутон до Охрид тоа се вкупно три до четири лета неделно.
- Понудата за сите времиња летово ќе биде новата дестинација на Северна Македонија, авионска линија која ќе лета од Манчестер до Охридското Езеро, кое е прекрасно и како излезено од бајките. Тоа се 386 фунти по лице. Фантастично е. Јас сум бил таму. Апсолутно е прекрасно, езеро, планини, цркви, фантастична клима…Пријателски луѓе, одлични цени како од 1990-тите за речиси сè. Добијте евтина зделка и одете таму, оценува Сајмон.
Тој додава дека туристите можат да талкаат низ Стариот град на Охрид и да уживаат во локални деликатеси по евтини цени во едно од неговите атрактивни кафулиња. Британците би можеле да се релаксираат на лежалка покрај брегот на езерото или да тргнат на водена авантура со даска за веслање или кајак. Во Охрид се наоѓа и историскиот манастир „Свети Наум“, до кој може да се стигне со едно и пол час возење со брод.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press