Македонија со 550 евра ја има најниската просечна плата од земјите на Балканот. Просечната плата во Црна Гора е највисока и изнесува 757 евра.
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на социјалните мрежи се пофали со резултатите истакнувајќи дека земјата е на вистинскиот пат, а програмата ги дава посакуваните резултати.
Во Србија просечната плата изнесува 706 евра, додека во Босна и Херцеговина 617 евра. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 33 943 денари.
Проверете колку плата заработуваат другите на вашата позиција преку бесплатната алатка за плати Моја Плата на ЛИНКОТ.