12 и 13 Април во Хотел Меркур
Пред 18 месеци Webhelp Македонија стана дел од глобалната Webhelp заедница, која брои преку 200 локации во 60 земји низ светот и има преку 120.000 вработени.
За само 18 месеци, Webhelp не само што успешно се позиционираше на македонскиот пазар, туку го изгради и еден од најголемите центри за корисничка поддршка на германски јазик во нашата земја. На нашата листа на клиенти се наоѓаат добро познати компании, но од оваа година се збогати со уште еден клиент, а тое е најголемата компанија за телекомуникации во светот. За таа цел продолжуваме да растеме понатаму!
Успехот на Webhelp во нашиот регион се должи на тесната соработка, тренинзи и логистика која ја добиваме од интернационални експерти со долгогодишно искуство во корисничка поддршка. Со тоа, не само што овозможуваме професионални и високо квалитетни услуги кон своите клиенти, исто така нудиме и одлични кариерни можности за своите вработени.
Што значи Work German, live in Tetovo?
Под ова мото Webhelp Македонија отвара повеќе можности за соработка за сите кои зборуваат германски јазик. Ова подразбира секојдневна соработка и дружење со германските колеги и германските корисници, но со можности за работа од својот роден град, и од комфорот на својот дом.
Кои се кариерните можности кои ги нуди Webhelp?
Webhelp нуди различни кариерни можности, во зависност од претходното искуство на кандидатите. Вратите на Webhelp се отворени и за младите кандидати кои се во потрага по своето прво работно искуство, но исто така имaме можности за сите оние кои се решени да направат кариерни промени и да прифатат поголеми предизвици.
Кои се условите да станеш и ти дел од тимот на Webhelp?
Webhelp Македонија е фокусиран на германскиот пазар и затоа основен предуслов да се стане дел од нашата успешна приказна е активна примена и зборување на германски јазик.
Каде, кога и што може да се очекува од овој настан?
Настанот ќе се одвива во хотел Меркур во Тетово на 12-13 Април од 10-18 часот.
Ќе имате прилика да се запознаете и дружите со тимот на Webhelp, да ги дознаете сите информации за можностите и условите за работа.
Какви бенефиции можат да очекуваат новите вработени?
Webhelp нуди одлични можности и бенефиции:
- Највисоки плати на пазарот
- Месечни бонуси за остварени таргети
- Дополнителен бонус за остварена продажба секој месец
- Бонуси за препорака на нови колеги
- Регрес за годишен одмор
- Договор на неопределно време
- Платени тренинзи
- Приватно здравствено осигурување
- Месечни членарини за фитнес
- Компаниски настани
Биди гласот на Webhelp! Tе очекуваме!