„Во прва година беше подобро, за 70 денари јадевме баничка, јогурт и крем банана, а сега едно лиснато со воздух е 80 денари“, гласи еден од коментарите на учениците
Ова го покажаа резултатите од анкетата што ја направи Мета.мк, со која целта беше да видиме какви се навиките во исхраната на средношколци од неколку училишта за средно образование, како и колку често спортуваат. Анкетниот прашалник го одговорија вкупно 672 ученици.
Ги прашавме учениците, дали јадат во училиште, односно дали си носат храна од дома или купуваат од околните локали. Вкупно 68 отсто (459 ученици) одговориле дека си купуваат за јадење од локалите близу училиштето, 15 отсто (102 ученици) одговориле дека си носат храна од дома, а 16 отсто (110 ученици) не јадат во периодот додека се на училиште, пренесуваат од Мета.мк
За тоа, како се хранат и што си купуваат за јадење, 409 средношколци (63 отсто) рекле дека јадат бурек, хамбургер, тост или некое пециво, додека 121 ученик рекле дека купуваат чипс, соленки или благо. Дека не купуваат ништо, се изјасниле 80 ученици (12 отсто) од анкетираните, а опцијата „друго“ ја избрале 37 ученици (6 отсто).
Трошат до 100, но и повеќе од 100 денари
Во однос на сумата што ја трошат за храна и пијалок на дневно ниво, 376 средношколци (57 отсто) рекле дека трошат до 100 денари, 260 (39 отсто) ученици се изјасниле дека трошат од 100 до 300 денари, а пак, 28 ученици рекле дека за храна и пијалок дневно даваат повеќе од 300 денари.
Ги прашавме средношколците и каков пијалок најчесто консумираат во периодот на слободното време што го имаат во текот на училишниот ден. Највисок процент, 44 отсто одговориле дека пијат кафе или вода, 132 ученици рекле дека си купуваат некој газиран пијалок, 123 – негазиран пијалок, а пак, 95 ученици рекле дека не купувата ништо за пиење. Вкупно 24 ученици ја избрале опцијата „друго“, пренесуваат од Мета.мк
Целиот текст прочитајте го на: meta.mk