На 06.04.2023 во 09.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Т.П.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Димитар Туриманџовски“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 06.04.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, С.Ј.(56) од Република Србија, со живеалиште во Скопје, пријавил дека на ул.„Иван Цанкар“ бил каснат од куче скитник.
На 06.04.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.К.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Маџари“ неговиот малолетен син бил каснат куче скитник.
На 06.04.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Т.Б.(64) од Скопје пријавил дека во с.Ново Село бил каснат од куче скитник.