Македонското јагне е извезено на европскиот пазар за католички Велигден, а сега стигнува во домашните месарници. Кланичарите велат дека годинашниов извоз е нешто помал од лани.
Во споредба со лани помал е извозот на македонското јагне на европските пазари. Се извезуваше за Хрватска, Италија. Главно поради цената, зашто имаше доволно стасано јагниња поради топлата зима. За сточарите е ниска цената од околу 200 денари за килограм жива мера, за извозниците и крајните европски купувачи беше висока. Има останато замакедонскиот пазар, ама не знам колку ќе се продаде зашто цената моментално во месарниците е од 500 до 550 денари за килограм. За потрошувачите е скапо, зашто за да испечеш јагнешко и да има доволно на трпезата, мора да се купи барем два, три килограми – вели Тони Павлески од кланичарската индустрија.
Според Марјанчо Стојаноски, сточар од Прилепско, трошоците се високи за одгледувањето јагниња а со години е трендот на намалување на фондот, зашто нема млади сточари.
Би можело да ве интересира: ЗОШТО НА ВЕЛИГДЕН СЕ ЈАДАТ ЈАЈЦА!? Многумина не знаат од кога негуваме ваква традиција и од каде потекнува овој долгогодишен обичај
– Со овие откупни цени и со зголемени трошоци е многу тешко. Во светот е најевтино македонското јагне, зашто во Албанија, Бугарија е по шест евра за килограм жива мера. Се намалува сточниот фонд. нешто подзадржуваат субвенциите што ги зедовме, но ситуацијата ќе биде тешка. Скапи се храната, препратите. А никој нема од младите заинтересирано за одгледување овци. Освен тоа, не може да се најде овчар. Последниве години нема млади сточари кои отвориле одгледувалиште. Тешко е – вели Стојаноски, кој е и потпретседател на здружението во Пелагонија „Орлови бари“.
Граѓаните чекаат пред месарниците и пресметуваат. Велат, зависи од џебот. Некои земаат само јагнешки дроб, а други ќе купат месо, оти, еднаш во годината е Велигден.