Според Европскиот парламент, станиците за полнење камиони треба да се поставуваат на секои 120 километри долж патиштата TEN-T до 2028 година. До 2031 година, водородните станици треба да бидат достапни најмалку на секои 200 километри.
Би можело да ве интересира: Во Македонија четири пати повеќе нарачки за електрични возила од лани
Како еден од главните проблеми на преминот кон електрични автомобили често се споменува лошата инфраструктура, односно недостатокот на полначи. Европската унија е свесна за овој проблем, па затоа сега пропиша на колку километри треба да има станица за полнење на електричните автомобили, а сите земји членки ќе мора да ги почитуваат новите правила.
Ако мислите дека нешто важно се променило со отфрлањето на европската транзиција од страна на Германија кон возила со нула емисија – се лажете. Вештачките горива најмногу ќе им бидат достапни на сопствениците на скапи спортски автомобили, а ние останатите ќе мора да се справиме по 2035 година, со купување електрични возила, можеби возила со водород или бескрајно одржување на старите бензински и дизел мотори.
За сериозноста со која ЕУ се впушти во транзицијата зборува и последната одлука која регулира многу работи. До 2026 година, станиците за полнење на електрични возила треба да бидат распоредени најмалку на секои 60 километри на главните патишта и трансевропските транспортни мрежи (TEN-T).
Според Европскиот парламент, станиците за полнење камиони треба да се поставуваат на секои 120 километри долж патиштата TEN-T до 2028 година. До 2031 година, водородните станици треба да бидат достапни најмалку на секои 200 километри. Исклучоци се предвидени за многу оддалечени области, острови и патишта со многу мал сообраќај.
Земјите-членки се обврзани да изградат инфраструктура за полнење на автомобили и лесни комерцијални возила со исто темпо како што расте бројот на возила. Плаќањето и информациите за цената и перформансите на станиците за полнење исто така треба да се регулираат на единствен начин. На пример, цената на станиците за полнење на е-автомобили мора да биде наведена во киловат-часови и да може да се плати со банкарска картичка.
Па сега останува само уште да чекаме да почне изградбата на станиците и да гледаме повеќе електрични возила на патиштата. Иако и водородот е сериозно во игра.