Се продаваат готови бојадисани јајца - Дали би купиле?
На пазарите во Белград од утрово може да се најдат и „готови“ варени и веќе обоени јајца.
Цените, како што објавуваат српските медиуми, се движат од 120 до 150 динари по јајце.
На тезгите биле понудени јајца во прекрасни бои, а продавачите им понудиле решение на сите оние кои притиснати од секојдневните обврски и работа немале време сами да ги бојадисаат, па и на оние на кои можеби не им успеало.
Може да најдете јајца украсени со техниката на декупаж, бојадисани во природни бои, со прекрасни мотиви од разни цветови, лисја и гранчиња, како и оние валани во ориз или измерени во мрежа пред бојадисување.
Иако ова звучи како добра бизнис идеја и практично решение за оние кои не се можност сами да бојадисаат јајца, сепак, ако имате време и волја, поиграјте си сами со украсувањето и сигурно ќе заштедите пари.