Албанија и Косово се најсиромашните земји во Европа.
Тие повторно се рангирани од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) како најсиромашни земји во Европа во 2023 година, врз основа на приходот по глава на жител.
Тој се мери со пресметување на куповната моќ, реален показател за тоа колку вредат парите за жителите на една земја.
Бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител врз основа на паритетот на куповната моќ, е бруто-домашен производ конвертиран во меѓународнидолари користејќи стапки на паритет на куповната моќ.
Инаку, и според висината на платите овие земји се најсиромашни. Косово и Албанија се полоши од Македонија и имаат просечни плати под 500 евра.