Освен пешачки мост, според Генералниот урбанистички план бил зацртан и сообраќаен мост кај улицата „Индустриска 1“, кој треба да ги поврзе Лисиче и Маџари, објави „Вечер“.
Град Скопје деновиве подготвува основен проект со урбанистички проект со сите фази за сообраќајниците „Февруарски поход“, „Маџари“, со мост на реката Вардар, раскрсницата со улицата „Индустриска 1“ како и раскрсницата со булеварот „АСНОМ“.
Би можело да ве интересира: Скопјани ќе добиваат парно сè до 30 април ако температурата е под 12 Целзиусови степени
Градот распиша тендер за избор на фирма со најповолна понуда, која би го изработила основниот проект заедно со урбанистичкиот.
Заинтересираните можат да ги достават своите понуди до Град Скопје најдоцна до 12 мај, до 12 часот.