Во променливите есенски денови не е реткост да почувствуваме гребење во грлото или да имаме сува кашлица. Медот и бананата докажано имаат моќни својства и се препорачува нивна редовна конзумација доколку ви се појават првите симптоми на настинка.
Состојките за оваа напивка можете да ги најдете во вашиот дом. Се што ви е потребно е 400мл зовриена вода, 2 банани и 2 лажички мед.
Излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка. Ставете ги во лонец, додајте зовриена вода и оставете ги половина час. Почекајте смесата да се излади и додадете го медот. Од голема важност е да го почитувате редоследот на додавање на состојките. Во спротивно, доколку медот го измешате со врела вода тој ќе ги изгуби своите лековити својства.
Пијте по 100 мл од оваа напивка четири пати дневно и видете ги резултатите по само 5 дена.