Идеи за идеален првомајски пикник во природа...
Први мај, во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата. Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај е посветен и на борбата за зачувување и унапредување на работничките права.
Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Сѐ до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.
Иако во последните години, особено кога ќе се погоди како оваа, Денот на трудот да биде поврзан со викенд, многумина се одлучуваат да заминат во друг град или пак држава. Но, доколку не можете да си дозволите бегство надвор од главниот град, имаме решение за тоа. Постојат многу убави места во околината на главниот град, кои се идеални за првомајски пикник во природа.
Во продолжение Женски Магазин издвојува 5 идеални локации, а за која и да се одлучите, сигурни сме дека нема да погрешите