АТП организацијата најави крупни промени од 2025 година кои ќе го турнат тенисот во една нова ера, во која на мечевите повеќе нема да има – линиски судии.
Андреа Гаудензи, првиот човек на АТП објави дека линиските судии дефинитивно заминуваат во историја за две години и повеќе нема да бидат потребни на ниту еден турнир од календарот, зашто ќе ги замени „окото соколово“.
Технолошкиот систем „хок-ај“ кој електронски ги проверува спорните моменти веќе од 2017 година се користи, а од 2017 година почна да се тестира постојано на мечевите, а првпат беше користен на „Некст Ген финалето“ во Милано истата година.
За време на пандемијата со ковид-19, на турнирите беше озовможено да се користи „електроник лајв колинг“ (ЕЛЦ) по желба, а овој систем после ковид-19 е користен на низа турнири и сега според Гундези е дојдено време да се користи секаде, па и на турнирите на земјена подлога.
„Добро ја донесовме оваа одлука и заклучивме дека иако линиските судии се традиционален дел од тенисот, мора да ги следиме новите трендови и да менуваме за навивачите и играчите да го доживеат најдоброто можно искуство. Најважно е на сите турнири да имаме добри и точни одлуки, а ЕЛЦ тоа ќе ни го овозможи“, рече Гуендези.