Редовното миење и чистењето на забите со конец е нешто што треба да се прави секојдневно за да се зачува нивното здравје. Но, постојат мали секојдневни навики кои можат да направат сериозна штета на вашите заби. Станува збор за навики кои ги правите без да сте свесни, притоа не знаејќи дека дека им наштетувате на забите и непцата.
Четкање со употреба на голем притисок
Повеќето мислат дека силното четкање на забите ќе придонесе за нивно потемелно чистење. Малкумина знаат дека таквиот притисок може да им наштети на забите, со тоа што тврдите влакна ја уништуваат глеѓта на забите, ја зголемуваат нивната чувствителност и ги воспалуваат непцата.
Грицкање нокти
Оваа навика што ја прават многумина може да има негативно влијание на забите и вилицата. Гризењето на ноктите не само што го зголемува ризикот од внесување на голем број бактерии, кои можат да доведат до инфекции во устата и непцата, туку може да предизвика и оштетување и напукнување на забите. Притисокот што се применува при грицкање на ноктите може да ги олабави забите, а цврстината на ноктот може да предзивика нивно напукнување. Доколку редовно ги грицкате вашите нокти, пробајте да ги премачкате со лак кој има горчлив вкус или обидете се да ги држите вашите раце што е можно повеќе зафатени.
Постојано конзумирање нездрава храна
Јадењето на храна која содржи шеќер, како и различни зашеќерени пијалоци се ризик за побрзо развивање на кариес. Кога јадете, бактериите кои предизвикуваат кариес се хранат од остатоците од храна, притоа произведувајќи киселина која ја напаѓа надворешната обвивка на забите. Доколку осетите потреба да грицнете нешто, погрижете се дека станува збор за поздрава храна. Јадете балансирани оброци како би се чувствувале заситено на подолг временски период. Доколку се прејадете со поголема количина шеќери, напијте се чаша вода за да ги измиете остатоците од храна.
Грицкање мраз
Иако мразот е замрзната вода, што значи дека е природен и не содржи шеќери, сепак тој може да се попречи на патот до имање здрава насмевка. Грицкањето на мраз може да создаде мали пукнатини во забната глеѓ. Овие мали пукнатини можат да се зголемат со текот на време и тоа на влијае на вашето орално здравје. Меѓу другото, мразот може да предизвика и сериозни оштетувања на пломбите и протезите.
Грицкање на моливи и пенкала
Многу луѓе ја развиваат оваа навика рано во детството, а некои дури и не сфаќаат дека го прават тоа. Гризењето на моливи и пенкала може да ги напукне забите и тоа да доведе до создавање на кариес и можно губење на забите доколку штетата е поголема.
Шмукање лимон
Конзумирање на лимон е неверојатно здраво бидејќи овој плод е богат извор на витамини. Но, редовното шмукање лимон може да доведе до ерозија на глеѓта на забите поради киселоста на лимонот. Сличен случај имаме и кога претерено конзумираме киви или други кисели овошја. Доколку пиете сокови од лимон, киви или портокал се препорачува тоа да го правите со сламка, и да се обидувате што е можно пократко тие да бидат во вашата уста.