На насловните страници на германските списанија можеа да се прочитаат пароли за длабочината на проблемот со недостигот на работници во многу сектори. „Шпигел“ напиша: „Никогаш досега немало толку многу слободни работни места во Германија како денес“. Тоа се стандардни работи што ги работат нашите луѓе таму: разни занаети, градежништво, угостителство, медицина, логистика, но и многу други нискоквалификувани и физички работи. Работата за поставување на парно е последната што одекна како област во која во 2024 година ќе бидат потребни околу 60.000 работници.
Сите овие дефицитни работни места се добро платени во споредба со заработката што може да се добие за истата работа во некои делови од Западен Балкан. Според некои податоци, платата на медицинска сестра оди над 4.500 евра, а негувателките од 1.500 на 3.651 евро. Циглар може да заработи околу 5.000 евра месечно, виљушкар се плаќа од 1.890 до 3.779 евра, а готвачот над 6.500 евра.
Фризерската професија се плаќа минимум 1.576 евра, а платата може да порасне и до 3.240 евра. За чистење на просториите се плаќа од 1.500 до 2.849 евра, а примери за такви плати има многу.
Извор: faktor.mk