Се зголемува интересот меѓу македонските граѓани и фирми за инвестирање во хартии од вредност во странство, а најдобар показател за тоа е што во првото тримесечје од 2023 година вкупниот промет од тргување со акции и други хартии од вредност на странски пазари изнесувал околу 12,2 милиони евра.
Притоа, тргувањето со акции доминира со учество од 81 процент во вкупниот промет на странски пазари, а по него следува прометот со обврзници со учество од 15 проценти.
Кај прометот од тргување со хартии од вредност на странски пазари може да се забележи тренд на континуиран пораст во изминативе неколку години, кој подзабави во текот на минатата година, главно поради економската криза.
Целиот текст прочитајте го ТУКА: mk.bloombergadria.com