Криминалци во Грција им помагале на кандидати за добивање лиценца за пилот да положат теоретски тест, диктирајќи им ги точните одговори за време на испитот, за што секој кандидат, во просек плаќал по 7.800 евра.
Грчката полиција ја разби криминална организација која ги фалсификувала испитите за стекнување професионална пилотска дозвола, а уапсени се пет лица. Стекнале нелегален профит од најмалку 39.000 евра.
Кандидатите биле студенти на школите за пилоти, кои или не можеле да ја добијат конкретната лиценца по неколку неуспешни обиди или не сакале да го научат материјалот од предметите.
Еден од уапсените вршел пробни тестови со кандидатите, им укажувал каква облека треба да носат за да не се откријат аудиовизуелните уреди, а на денот на испитот, го упатувал кандидатот каде точно треба да стои и му ги диктирал точните одговори.
Дополнително, било утврдено дека во минатото биле доделени дозволи за пилот на авион на уште десет лица.