Во Грција, која сè уште важи за омилена летна туристичка дестинација на македонските граѓани, покрај сместувањето, кое е покачено за 20 до 30 отсто, зголемени се и цените на храната.
Македонските граѓани полека почнуваат да ги планираат летните одмори, а покрај трошокот за патување, сместување, сè поважна ставка во буџетот за одмор е и храната.
Така, гирото, кое е омилено јадење на македонските туристи, оваа година не може да се најде под 4 евра, односно цената сега, надвор од сезона, се движи од 3,5 до 5 евра.
Литар свежо млеко е 1,12 евра, а цената на свежиот леб се движи од 1 евро, па нагоре. Во зависност од видот, свежата риба е од 6 до 20 евра за килограм, а цената на топка сладолед се движи од 1,5 центи до 2,5 евра.
Цените за приватно сместување во Грција се движат од 300 евра, па нагоре. Во хотелите, во претсезона, цените за ноќевање со појадок се движат од 130 до 150 евра за лице. Голем дел од граѓаните ги искористија попустите за ран букинг од 50 отсто, кои почнуваат уште во ноември. Како што се доближува сезоната така се намалуваат и попустите. Најголемите попусти се до крајот на февруари.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press