Дали некогаш сте се „обрукале“ на деловна забава поради алкохол? Упатен апел до компаниите!
Речиси секој трет менаџер пријавил дека бил сведок на несоодветно однесување или вознемирување на работните забави.
Компаниите во Велика Британија се повикани да ја ограничат количината на алкохол на работните забави за да се спречат луѓето да се однесуваат „несоодветно“ едни кон други.
Предупредувањето од Институтот Chartered Management Institute (CMI) доаѓа во истиот момент кога е овјавена и нова анкета, која сугерира дека една третина од менаџерите биле сведоци на сцени на вознемирување или несоодветно однесување на забави.
Жените почесто од мажите велат дека биле „сведоци на вакво однесување“.
Шефот на CMI вели дека алкохолот „не мора да биде главната работа“ на забавите. Тоа е нешто со што Сара, која има 27 години и работи во финансии, се согласува.
- Сè уште има „луди“ забави во мојата индустрија, но мислам дека ова треба да се промени - изјави таа за Би-Би-Си и додаде:
„Свесна сум дека не треба да пијам премногу на забавите во компанијата. Ако луѓето сакаат да излезат и да купат куп пијалоци после забавата, тоа зависи од нив, но мислам дека пиењето на настани во компанијата може да доведе до несоодветно однесување или каење потоа“.
CMI, професионално тело кое се фокусира на менаџмент и лидерство, анкетираше повеќе од 1.000 менаџери кон крајот на април. Истражувањето, што го виде исклучиво Би-Би-Си, покажа дека речиси секој трет менаџер (29 отсто) пријавил дека бил сведок на несоодветно однесување или вознемирување на работните забави.
Триесет и три отсто од анкетираните жени велат дека биле сведоци на такво однесување, наспроти 26 отсто од мажите. Севкупно, двајца од пет (42%) изјавиле дека забавите на работното место треба да се организираат околу активности кои не вклучуваат алкохол.
Интересен факт е што ова најмногу го кажувале помлади, на возраст од 16 до 34 години.
Извршната директорка на CMI изјави дека дружењето со колегите е исто така одлична тимбилдинг можност, но посочува дека менаџерите имаат одговорност да го „проверат“ однесувањето на луѓето.
- Алкохолот дефинитивно го менува однесувањето, па ризик е да пиете додека сте во друштво - рекол Џон (66), кој во последните години работел на различни работни места.