Оваа единствена професија се практикува во некои од најстарите блокови на британската престолнина.
Запознајте ги последните лондонски „lamplighters“, односно мајстори кои рачно ги менуваат сијалиците и го поправаат уличното осветлување, а останати се само петмина во престолнината на Велика Британија.
Нивната работа е да ги одржуваат последните петролејски сијалици од викторијанското доба во Лондон со што воедно ја одржуваат и традицијата од 1812 година, значи историјата е навистина долга.
Нивната единствена професија владее во некои од најстарите блокови од престолнината во област која ви дава чувство какво во Лондон имало пред повеќе од 200 години, кога биле поставени овие сијалици за осветлување.
Притоа, секоја сијалица си ја раскажува својата приказна.
Во 1812 година верувале или не, имало дури 25.000 вработени, за разлика од денешните пет работници затоа што секоја улица имала петролејски сијалици.
Во текот на 80-тите години последен пат било забележало луѓето физички да стануваат наутро и да ги палат петролејските сијалици, а потоа ги гаселе во текот на ноќта.
Во репортажата на „BBC“, поточно во видеото може да се види како изгледа работењето на специјална петролејка правена за крунисувањето на кралот Чарлс Трети.
Денес всушност овие петролејки може да ги видиме на улиците на Лондон како експонати, луѓето застануваат и ги фотографираат.
Како што дознаваме, тие не се користеле само за надвор туку и за внатре, па дури и во некои фирми за сообраќајна сигнализација.