Анџелина Џоли реши да тргне во претприемачките води. Таа создаде сопствен бренд Atelier Joli, а веста ја објави на Instagram.
Проектот ќе биде лансиран на почетокот на есента, а ателјето ќе биде „место за креативните луѓе да соработуваат со вешто и разновидно семејство на стручни кројачи, креатори и занаетчии од целиот свет“, напиша таа на социјалната мрежа.
Актерката додаде дека идејата „потекнува од нејзиното ценење и длабока почит кон многуте кројачи и производители со кои соработувала низ годините“.
Atelier Joli ќе користи само остатоци од облека, квалитетни винтиџ материјали и вишок ткаенини, а проектот на Анџелина исто така има за цел да го намали отпадот и да создаде облека што е одржлива.
Извор: kajgana.com