Често се препорачува нивно редовно конзумирање поради минералите и витамините кои ги содржат, но сепак одредени здрави намирници во големи количини можат да имаат спротивен ефект.
Спанаќ
Сапанаќот претставува вистински извор на хранливи материи како што се магнезиум, витамин А, Ц, Е, Б6, железо, калиум, калциум и фолна киселина. Меѓутоа, овој зеленчук содржи големи количини на калциум оксалат кои можат да ја влошат вашата состојба доколку сте склони на камења во бубрег.
Брокула
Брокулата претставува ризница на корисни нутиритенти која содржи големи количества на витамин А, Ц, Е, калциум, магнезиум и железо. Брокулата го одржува здравјето на срцето и крвите садови, белите дробови, добра е за мозокот, а вооедно и е природен лек кој спречува појава на рак. Но, кога брокулата се конзумира во големи количини може да доведе до хипотироидизам. Тоа е така бидејќи таа содржи тиоцијанати што може да го отежни процесот на апсорбирање на јод. Доколку сте некој кој имал проблеми со тироидната жлезда во минатото, немојте да конзумирате многу големи колични.
Зелка, кељ
Иако станува збор за храна полна со антиоксиданти, минерали и витамини, овие намирници можат да направат проблем доколку пиете лекови за разводнување на крвта, како што е варафинот. Зелката и кељот се богати со витамин К, хранлива состојка која помага да се згрутчи крвта. Доколку не сте под висок ризик за згрутчување на крвта, овие зеленчуци се добри за вас.