Кинескиот технолошки гигант „Alibaba Group Holding“ соопшти дека планира да вработи 15.000 луѓе оваа година. Со ова тој ги отфрли гласините дека планира да отпушти дел од своите вработени
Во соопштението објавено на платформата „Weibo“, кинеската платформа за е-трговија рече дека нејзините „шест основни деловни оддели ќе треба да вработат уште 15.000 нови вработени вкупно“.
Компанијата тврди дека ќе привлече 3.000 луѓе кои штотуку дипломирале на колеџ. „Alibaba“ ги опиша отпуштањата како „гласини“ и рече дека отпуштањата се дел од „нормалниот тек“.
„Alibaba“ го посочува својот систем за регрутирање како доказ дека продолжува да вработува луѓе.
„Никогаш не престанавме да регрутираме и развиваме неверојатни таленти“, се вели во соопштението на компанијата.