Луѓето се почесто се жалат дека не можат добро да се наспијат и дека затоа се нерасположени, со лоша концентрација и внимание. Токму затоа тие постојано бараат совети, како наутро да се разбудат одморени и полни со енергија за да можат да го „истуркаат“ денот.
Во таа насока најчести совети се дека треба да заспиваме во слично време, дека не треба да биде доцна и дека пред спиење треба да се избегнуваат силната светлина и звуците од електронски уреди во спалната соба.
Екраните кои светкаат од компјутерите, лап топовите и таблетите, мобилните телефони исто така лошо влијаат на квалитетот на сонот, бидејќи испуштаат сина светлина, која лошо влијае на механизмот на лачење на хормонот мелатонин кој игра важна улога во регулирањето на сонот.
За квалитетен сон електронските уредни не треба да се употребуваат цели два часа пред спиење, бидејќи секоја светлина на телото му испраќа сигнали дека се уште не е време за спиење.
Исто така за добар сон потребно е просторијата во која спиеме да се проветрува, за да има повеќе кислород.
Пред секое спиење потребно е телото да се опушти, односно да не се легнува веднаш по домашните или други обврски. Затоа времето од два часа пред да заспиеме треба да го искористиме за забава со убави мисли.
Така ќе го подготвиме телото за сон.
Извор: lokalno.mk