Долго и неизвесно лето со ценовниот барометар
Граѓаните не знаат каков лето не очекува со ценовниот барометар. Цените се одмрзнаа ама рано е да се процени што ќе се случува. Ниту продавачите на зелениот пазар во Прилеп не може да предвидат. Само се знае дека годинава со дождовите може да донесе помало производство, а цените ќе го диктираат извозот на земјоделските производи...
Зоран Трајкоски е производител од Прилеп. Нема големо производство, но тоа што се родило го нуди секојдневно на зелениот пазар. Годинава, вели, е шарена. Треба дожд, ама ова е многу. Ќе влијае на родот, но не многу на цените.
Одмрзнувањето, за продавачите на пазарот не е пресудно за цените ова лето, туку ќе зависи од извозот на земјоделските производи. Диктираат понудата и побарувачката.
Граѓаните посакуваат стабилизирани цени, но не може да предвидат што ќе биде.
Според Државниот завод за статистика, трошоците на живот на годишно ниво бележат зголемување од 10,5 насто, а цените на мало за 11 проценти.