Комисијата за оценување на екстерната матура по црногорски, српски, босански и хрватски јазик и литература соопшти дека нема законска можност да ги превреднува веќе оценетите тестови на учениците, што беше препорака на Државната матурска комисија. Велат дека не можат да замижуваат пред тоа дека околу 200-300 ученици дале ист, неточен одговор на 21 задача.
Тие предлагаат сите кои не се задоволни од добиената оценка да можат да полагаат екстерна матура во вонреден рок – 13 јуни.
„Без намера да се извиниме некому за одговорната и особено тешката работа што ја направивме оваа година, решивме да излеземе и јавно да кажеме што видовме. Или можеби требаше да замижиме? Да замижиме на 21 задача на која околу 200-300 ученици го дадоа истиот, инаку неточен одговор: „Реченицата може да се толкува како критика на институциите кои трошат големи суми пари на нешто што не е потребно“, а уште 150-200 ученици на истата задача го напишаа одговорот: „Тоа може да се протолкува како критика на институциите кои трошат големи суми пари на нешто што не е неопходно, или како израз на загриженост за нивното делување“. Можеби не требаше да видиме стотици и стотици исти одговори на учениците на задачата 18.б: „Скршено стакло од тенка рамка може да биде метафора за лирскиот сензибилитет на субјектот кој во него се препознава со загрозени чувства кон светот“, т.е. пократка верзија со исто така стотици и стотици на одговори: „Скршено стакло од тенка рамка може да биде метафора за сензибилитетот на лирската тема“, се вели во соопштението на Комисијата.
Министерството констатира дека ставот на Комисијата за оценување да им определи дополнителен рок за полагање на тестот на учениците кои според нивната оценка ги препишале задачите на тестот не е во согласност со прописите, јавува РТЦГ.
„Министерството за образование нагласува дека ќе ги преземе сите законски пропишани мерки и дејствија со цел заштита на интересите на учениците и почитување на договорот постигнат меѓу министерот за образование и родителите на начин да не биде повреден ниту еден ученик“, се вели во соопштението на црногорското министерство.
Извор: a1on.mk