Главната намена на настаните е да ги претстави тековните потреби на работодавачите, при тоа на странските баратели на работа да им обезбеди веродостојни информации за условите за работа и живот во Словенија.
Во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Скопје, денеска и утре, од 10 до 17 часот ќе бидат претставени словенечките работодавачи во Скопје и во Битола.
Во Скопје настанот е во хотелот Хилтон д 10 до 17 часот денес, среда а во Битола настанот е во истото време утре во КИЦ
На двата настана кои се наречени „Вработување и живеење во Словенија“ – македонските баратели на работи ќе имаат можност да се поврзат и директно да се запознаат со словенечки работодавачи од различни дејности и региони на Словенија. Работодавачите што ќе учествуваат се од областите на здравствената и социјалната заштита, производството, транспортот и логистиката, градежништвото, угостителството и туризмот итн. и тие заедно вработуваат над 13 000 работници.
Главната намена на настаните е да ги претстави тековните потреби на работодавачите, при тоа на странските баратели на работа да им обезбеди веродостојни информации за условите за работа и живот во Словенија.
Посебен акцент ќе се стави на презентацијата на законските новини како и на другите информации од областа на вработувањето и работата на странците, на условите за работа и живот во Словенија како и помошта што може да се добие од словенечкиот Завод. Заеднички презентации ќе има на двете локации – во 12:00, односно во 17:00 часот