Износот за исплата на плати во Агенцијата за цивилно возухопловство во текот на 2022 година се зголемила. За минатата година оваа институција потрошила 108.125.368 денари за исплата на платите кон вработените.
Претходната, или 2021 година, за исплата на бруто платите за вработентие во институцијата биле потрошени 104.883.355 денари.
Ова го покажува годишниот извештај за работата на Агенцијата за цивилно воздухопловство доставена во Собранието.
Од извештајот се дознава дека во АЦВ се вработени вкупно 72 лица, а преметките покажуваат дека просечно, ако се поделат вкупно средствата на сите вработени во оваа институција, месечната бруто плата по лице изнесува 125.146 денари.
Исто така, од она што е напишано во извештајот на АЦВ се забележува дека за период од први јануари 2022 до крајот на истата година, односно до 31 декември 2022 година Агенцијата за цивилно воздухопловство остварила приходи во вкупен износ од 252.434.231 денари, додека расходите им изнесуваат 188.845.125 денари, и оствариле добивка пред оданочување во износ од 64.353.688 денари.
Прв човек на Агенцијата за цивилно воздухопловство веќе неколку години е Томислав Тунтев, кој на македонската јавност и е познат и како поранешен пратеник, кој всушност пратеничкото место го напушти за да директорува со АЦВ.
Агенцијата е финансиски и функционално независна од другите државни органи, но за својата работа одговараат пред Собранието.
Иако некои години АЦВ имаше проблеми со приходите, дур се јавуваше како должник во Управата за јавни приходи, сепак, таквите состобји се минато. Последниве години, со развојот на авиосообраќајот, приходите во оваа институција се редовни и зголемени, што секако се одрази позитивно и на работата на оваа институција и на вработените во неа.
Извор: faktor.mk