Повеќето луѓе во Германија не веруваат дека неодамнешното слабеење на инфлацијата значи нешто и очекуваат зголемувањето на цените да продолжи.
Иако има помалку граѓани кои очекуваат поскапувања во следните шест месеци, на пример енергија, гориво или храна, сепак огромното мнозинство смета дека животот ќе поскапи.
Ова го покажаа резултатите за Германија од глобалното истражување, кое во петокот го објави консултантската куќа Ернст и Јанг.
Според истражувањето, 70 отсто од вкупно 1.000 анкетирани Германци веруваат дека цените на храната ќе пораснат во наредните месеци, 69 отсто се подготвуваат за поголеми трошоци за енергија, а 65 отсто очекуваат повисоки цени на горивата.
Тројца од четворица германски потрошувачи изјавиле, како и во претходната анкета минатата есен, дека мора да се воздржуваат при купување, а 44 отсто ги купуваат само најпотребните работи.
Најновите податоци за инфлацијата будат надежи за опуштање. Според прелиминарните податоци, стапката на инфлација на годишно ниво во Германија и во целата еврозона падна повеќе од очекувањата на економистите во мај.
Извор: faktor.mk