Неатрактивните плати ги принудуваат вработените во администрацијата се почесто да си даваат откази од работните места. Неофицијално за три години повеќе од три илјади лица си заминале во приватен сектор или во странство вели претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски. Финансиите се најголема причина поради заминување на административците а во последната година заминуваат и луѓе со долгогодишно искуство.
„Имаше една неофицијална статистика дека во рок од три години над 3,500 луѓе вработени во администрацијата заминаа или во странство или во приватниот сектор токму поради неатрактивноста на платите. Платите во администрацијата не се зголемени од 2017 година поготово во министерствата, генералните секретаријати, луѓето добиваат плата се поблиску до минималната плата отколку до просечната што е лош податок“, рече Деаноски.
Засега синдикалците и владните претставници немаат постигнатото договор на социјално-економскиот совет за можно зголемување на платите во администрацијата.