Како и секој први јули, така и оваа година поскапуваат цигарите.
Акцизата на секоја цигара секоја година се зголемува за 0,20 денари, односно 5 денари за кутија.
Така сега цигарите кои се продаваа 140 денари ќе се продаваат 145 денари од кутија. Некои од брендовите со пр стратегија ги зголемуваат цените на две години по 10 денари, па така можеби некој бренд во овој круг на поскапување веќе ја зголемил цената уште на почетокот на годинава, па така сега нема да има потреба да ја корегира својата цена.
Дури 40 отсто од македонските граѓани се пушачи, а многумина за жал се одлучуваат да ги заменат цигарите со електронски кои веќе се тема на дискусија во многу земји.