„И подоцна, кога лицето конкурира за некоја работна позиција, а од одделот за човечки ресурси го пребаруваат на Гугл, знае да биде ризично, ако се појават непријатни фотографии”, додаваат експертите
Раѓањето на детето, првата насмевка, првите чекорчиња - ваквите развојни етапи во животот на децата ги прават родителите пресреќни. Разните досетки, гафови, смешни ситуации , расвлани кашички или седење на нокшир се се тоа дел од фотографиите кои кружат низ Фејбук, Инстаграм, Тик ток...Со појавата на социјалните мрежи детските фотографии сѐ почесто се објавуваат на интернет и тоа може да има и несакани последици.
Експертите за медиумска писменто велат „Во основа се работи за добивање признание во форма на лајкови или срца”. Се објавуваат и првите фотографии од ултразвукот, слики од плажа, родендени или прослави за првиот училишен ден. „Во принцип не постои нешто што не се покажува”,Некогаш мали деца се користат за рекламни цели и инфлуенсери со нив рекламираат козметички производи или алишта. Притоа секој човек ги има правата врз сопствениот (фото) приказ. Тоа во посебна мера важи за деца.
Ан Лонгфилд, во минатото ангажирана како специјален пратеник за правата на децата во Англија, уште во 2018 година предупредувала дека од секое дете кружат просечно 1.300 фотографии на интернет уште пред да наполни 13 години. За таквиот феномен дури има и посебна кованица „Sharenting" („Шерентинг”) составена од англиските зборови за споделува и родител, или во превод „родители што споделуваат”.
На интернет никогаш ништо не е избришано. Оваа често споменувана реченица и де факто може да стане проблем, како на пример кога самите деца се несреќни поради фотографиите. „Тоа што за родителите е слатко, за детето знае да биде исклучително срамно”, „Кога нешто такво јавно циркулира, може да биде основа за мобинг, навреди или коментари со омраза
Невнимателно објавени фотографии на деца можат да стигнат во рацете на педофили
„И подоцна, кога лицето конкурира за некоја работна позиција, а од одделот за човечки ресурси го пребаруваат на Гугл, знае да биде ризично, ако се појават непријатни фотографии”, додаваат експертите
За да посочи на ваквите проблеми, блогерката Тоја Дибел уште во 2019 година го започна проектот #deinkindauchnicht (во превод: „не и твоето дете”, заб.на ред.).
Згора на тоа, на фотографиите не само што се гледаат ликовите на децата, туку и нивното лично опкружување како детската соба, станот, градината. Од текстот под објавите може да се добијат и дополнителни информации како име и датум на раѓање на детето. „Кога сето тоа ќе се поврзе, се добива и информација каде детето живее”, предупредува Поле. А, тоа не е само проблем поврзан со заштита на податоците. „Секако дека постои ризик таквите информации да паднат во погрешни раце и на пример да се вртат и во кругови на педофили”, вели Поле. Уште во 2019 година во извештај објавен на порталот jugendschutz.de, отворен од страна на покраинските и сојузните германски власти, се предупредува дека „Инстаграм се злоупотребува од лица со сексуален интерес за деца. Се собираат фотографии од деца, им се додаваат сексуални коментари и потоа се споделуваат”, стои во извештајот.
Поле посочува дека „родителите често се релативно освестени за тоа дека јавни објави на Фејсбук, ТикТок или Инстаграм се проблематични, но истовремено сметаат дека месинџер апликации како Ватсап се релативно приватни и затоа дотолку повеќе без задршки споделуваат таму”. Тоа го прават преку функцијата за ажурирање или објавување на статуси кои потоа всушност целиот круг на познаници може да ги види. „Клучната точка е колку родителите се свесни за тоа и како тоа се рефлектира во поставките за приватност на таквите мрежи. Дали фотографиите ги споделувам јавно, или само со моите следбеници?", вели Поле. Но, дури и во приватен чет не можеш да бидеш сигурен дали фотографијата нема да биде споделена со некој друг без да дадеш согласност, посочува Поле.
Франција: забрана за „шерентинг” со закон
За да се спречи ексцесивно ширење на фотографии, посебно на такви што го повредуваат достоинството, Франција чекори како прва држава во светот по нов пат - тамошните власти сакаат со закон да забранат да се објавуваат фотографии од децата на социјалните мрежи, без нивна дозвола. Кога двајцата родители имаат различен став околу ова прашање, судот може да изрече забрана за објавување или споделување на фотографии од детето без дозвола од другиот родител. Во екстремен случај родителите може комплетно да го изгубат правото да располагаат со фотографиите од своите деца. Новиот закон посебно се фокусира и на „злоупотреба на децата на онлајн платформи”. Приходи од комерцијалното користење на фотографии од децата мора да се уплатуваат на посебна жиро сметка со која детето слободно ќе може да располага откако ќе наврши 16 години.