Причините зошто овие луѓе се бездомници се многу. Некои бидејќи од мали ги изгубиле родителите, а други пак, се луѓе со криминални досиеја кои по завршувањето на казната завршиле на улица.
Околу 350 бездомници се официјално регистрирани во Македонија, но професорите на Факултетот за безбедност проценуваат дека овој број е многу поголем. Професорката Весна Стефановска, истовремено член на истражувачкиот тим кој се занимава со оваа појава, вели дека оваа категорија граѓани немаат одреден профил. Нивната возраст е од 41 до 65 години, а 89 проценти од животот го поминуваат на улица.
Причините зошто овие луѓе се бездомници се многу. Некои бидејќи од мали ги изгубиле родителите, а други пак, се луѓе со криминални досиеја кои по завршувањето на казната завршиле на улица.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, рече дека проблемот со бездомниците бара повеќестран пристап, подвлекувајќи дека е потребно поголемо вклучување и координација на сите сектори за надминување на проблемите со кои се соочува оваа категорија граѓани.