Пред судија за вчера денеска застанал Афет Џелилов од скопското село Горно Количане, кого државата го води за мртов уште од март 2001 година и кој нема Извод на родени, има само Посмртница и стари неважечки лични документи.
Судијката Вера Петковска остана збунета кога на почетокот на судењето му побара лична карта на обвинетиот за брзо возење, а тој кажа: „Немам. Се водам за починат”.
Афет се води за починат уште од 2001 година, кога братот – близнак Нусрет му го украл пасошот, заминал за Чешка и по три дена починал под име „Афет Џелилов”. Оттогаш Афет кој е жив, не може да докаже дека жив, се бори да биде избришан од Книгата на умрени и да биде впишан во Книгата на родени, да добие одново Извод на родени, да си извади нова лична карта, да си ги обнови банкарската сметка, здравственото осигурување, возачката дозвола, патната исправа.
Прочитајте како поминал разгворот со судијката ОВДЕ
ИЗВОР:СДК