Во Тихиот океан започна природен временски настан познат како Ел Нињо, што веројатно ќе додаде топлина на планетата која веќе се загрева поради климатските промени.
Ел Нињо е феномен кој се јавува поради аномалии на океаните. Овие промени влијаат на атмосферата и времето.
Американските научници потврдија дека започнал нов циклус на Ел Нињо. Експертите велат дека 2024 година веројатно ќе биде најтоплата година на земјата. Тие се плашат дека тоа ќе помогне да се движи светот над точката на затоплување од 1,5 Целзиусови степени.
Тоа, исто така, ќе влијае на времето во светот, што потенцијално ќе донесе суша во Австралија, повеќе дождови во јужниот дел на САД и ослабување на монсуните во Индија. Настанот најверојатно ќе трае до следната пролет, а потоа неговите ефекти ќе стивнат.
Адам Скајф, шеф на долгорочното прогнозирање во Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство, рече:
„Во нашите прогнози веќе неколку месеци има знаци дека Ел Нињо се засилува и навистина изгледа дека ќе го достигне својот врв по интензитет на крајот на оваа година“, пишува Би-Би-Си.
Нов рекорд кога станува збор за висината на глобалната температура дефинитивно ќе биде следната година. Зависи од тоа колку е голем Ел Нињо, но има големи шанси 2024 година да ја надмине 2016 година како најтопла година во светот.
Јужната осцилација Ел Нињо, или ENSO, како што правилно се нарекува, има три различни фази: топла, студена или неутрална.
Моќниот Ел Нињо од 1997-1998 година не чинеше над пет трилиони долари со околу 23.000 смртни случаи од бури и поплави.