Ако биде прифатена новата предлог-методологија за раст на платите во јавниот сектор, тогаш минималната плата ќе се зголеми за цели 100 евра, ама не сега туку за цели 5 години.
Од Владата, велат дека платите на вработените во јавниот сектор ќе се кројат преку Законот за плати со кој ќе се утврдат правилата по кои во иднина ќе се уредуваат платите во јавните институции и преку општиот колективен договор кој ќе ја содржи методологијата за раст на платите на вработените во јавниот сектор.