Утре и во вторник краткотрајно ќе биде постабилно и значително потопло. Во среда попладне ќе биде нестабилно попладне во западните делови, а во деновите кон викендот ќе има услови за пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер и во останатите делови од земјата.
Прогноза за 20.06.2023
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 26°C до 33°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. UV=8
Прогноза за 21.06.2023
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. UV=8
Прогноза за 22.06.2023
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 28°C до 36°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.UV=8