Нита Амбани е сопруга на најбогатиот Индиец на светот Мукеш Амбани, милијардер и сопственик на најуспешните компании во Индија, „Reliance Industries“.
Нивното богатство е проценето на 8 милијарди евра, а најбогатата Индијка е позната по раскошниот начин на живот со непрегледна листа на луксузни каприци. Во нејзината гаража се наоѓаат 169 автомобили, а нејзиниот персонал брои дури 600 членови, вклучувајќи готвачи, хигиеничарки, келнери и фитнес инструктори.
Дом вреден 1 милијарда долари
Една од најбогатите фамилии на светот живее во резиденцијата „Antilia“ во Мумбаи, во најскапиот солитер на светот вреден 1 милијарда долари, кој се состои од 27 ката со бројни забавни содржини како кино, спа центар, храм, сали за танц и простории посветени на автомобилите. Членовите на семејството се опуштаат под туш со вештачки снег, а ги чува обезбедување кое има свои засебни станбени единици.
Истанчен вкус за чанти
Нита која е инаку учителка и дизајнерка на ентериер, ужива во трошењето пари на луксузни нешта и има истанчен вкус за чанти. За една „Hermes“ чанта издвоила 350.000 евра, а во една прилика нарачала дури 25.000 парчиња садови од злато.
На сопругот му подарила луксузен „Maybach 62“, додека милијардерот на сопругата ѝ подарил авион вреден 60 милиони долари.
Оваа 59-годишна Индијка најчесто се појавува во јавноста во традиционална облека, но „Cartier“, „Bulgari“ и „Gucci“ се некои од нејзините омилени модни брендови. Позната е по својата великодушност и основала училиште и болница во Мумбаи, а брачниот пар донирал 68 милиони евра помош за време на пандемијата.
Строги правила за децата
Најбогатиот индиски пар е веќе 37 години во брак и има 3 деца – два сина и ќерка кои се воспитани на многу строг начин, почитувајќи строги правила. Нита инсистирала на тоа децата да се одгледаат во скромни услови и во текот на своето растење тие добивале мали џепарлаци, морале да се возат со јавен градски превоз и имале строги ограничувања за излегување.