Вчерашниот ден донесе сончево и топло време во Македонија, а максималната температура достигна 34 степени во Скопје.
Спарна ноќ е позади нас. Така минималната температура на воздухот вечерва не се спушти ниту под 21°С во Скопје, но и во неколку други градови низ Македонија, покажуваат податоците на weather4all.com.mk за 4NEWS.mk
Синоќа во 23 часот измерени се 21 степен, а утрово најниската измерена температура низ Македонија беше 19 степени.
„Висок притисок, ниска влажност“, вака експертите ја опишуваат ноќта.
Вчера максималната температура беше 34 степени, а за толку се прогнозира и денска.
Со оглед на тоа што денеска во Македонија се очекуваат многу високи температури, како и многу високо ниво на УВ зрачење, се препорачува голема внимателност, особено во дел од денот од 10 до 16 часот. Ќе биде потребна претпазливост и поради високите УВ вредности и поради ризикот од топлотен и сончев удар.
Бидејќи од утрото е многу топло низ Македонија, пред да се влезе во возилото потребно е добро да се проветри и при користење на уреди за ладење , разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура не треба да биде преголема.
Кон крајот на денот се очекува нестабилност со грмотевици, а главната промена на времето ќе ја донесе пробивањето на студен фронт од северозапад во вечерните и ноќните часови, кој ќе го прекине овој топлотен бран и ќе донесе врнежи со пад во температура.
ВИКЕНДОВ?
Добри вести имаме за време на викендот. Ако веќе ви е топчо, доаѓа освежување. Пониски температури и посвежно време со ветер. Но ќе имаме и голема вчажност на воздухот.
Времето утре претпладне сончево со мала до умерена облачност и услови за краткотраен дожд. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. UV=7. Во Скопје претпладне претежно сончево, а попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, во делови од котлината и во вид на краткотрајно невреме.