Пред четири години беше пуштен во употреба зелениот покрив на Градскиот трговски центар во Скопје, но денес тој е целосно запуштен.
Уништени се плочките, фонтаната е празна, а дел од садниците се целосно исушени. Зелениот покрив, кој чинеше 550.000 евра, требаше да биде место за одмор на скопјани, но во моментов се наоѓа во ужасна состојба.
Директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски за „СДК.мк“ вели дека бил распишан тендер на кој е избрана фирма и наскоро ќе се интервенира.