Понекогаш не сме свесни за сите функции кои ги имаат нашите апарати за домаќинство. Веројатно, не знаете и за оваа функција која вашата рерна ја поседува, а е и тоа како корисна!
Рерните имаат функција која овозможува во исто време и да готвите и да печете.
За во исто време да подготвите пилешко месо и некое друго јадење, се што треба да направите е да го отстраните долниот дел решетки и потоа да поставите хартија за печење на самото дно на рерната.
Имајте на ум дека овој трик функционира само ако користите огноотпорни садови. Потребно е да имате рерна со метално дно која ќе може да ја издржи тежината на шерпата.