Во тек е пријавувањето за субвенции во рибарството чие аплицирање трае до средината на овој месец. Парите можат да се добијат за порибување на рибниците со купен или сопствен подмладок. Поголема финансиска поддршка ќе добиваат помалите капаците, а за поголемите таа скалесто се намалува…
Сите субјекти кои набавиле подмладок во периодот од 1-ви февруари до 31-ви мај годинава имаат право на финансиска поддршка. Висината на субвенцијата е 50 проценти од вредноста по корисник и може ја да добијат оние субјекти кои набавиле или сами го произвеле подмладокот.
За купен или сопствен подмладок до 3.500 килограми се добиваат 100 проценти од вредноста на утврдената цена, за количество до 7.000 – 75, до 9.000 – 50 и за купен или сопствен подмладок над 9.000 килограми се добиваат 25 проценти од неговата цена.
Корисници се субјектите кои поседуваат дозвола и кои се запишани во регистарот на Министерството за земјоделство.
Доколку до Платежната Агенција се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства, предност им се дава на оние баратели кои го поднеле барањето порано од останатите.
Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, документите може да ги достават лично во Платежната Агенција или преку пошта најдоцна до 17-ти јули.
Извор: bankometar.mk