ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи до крајот на месец август поточно до 31 август 2023 година. Од компанијата соопштуваат дека бројот на потрошувачи кои се приклучуваат на централниот систем за топлинска енергија, со кој управуваат новите компании на АД ЕСМ е во постојан пораст.
- Откога ЕСМ Снабдување ја има лиценцата за снабдување со топлинска енергија во градот Скопје, до денес, околу 1.640 потрошувачи со вкупна инсталирана топлинска моќност од 10 МW се приклучиле на системот за централно греење од кои 150 се претходно исклучени потрошувачи - соопштуваат од ЕСМ Снабдување.
Трендот на пораст на бројот на потрошувачи кои се приклучуваат, покажува дека кај жителите на градот Скопје расте свесноста за бројните придобивки и комфорот што го нуди централниот системот за греење. Дополнителен фактор за растечкиот тренд на нови потрошувачи е и акцијата за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи на системот за централно греење која е во тек и важи за сите потрошувачи каде има техничка можност за приклучување.
Од 1-ви септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник.
Сите неопходни информации за постапката за приклучување заинтересираните потрошувачи можат да ги добијат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100.