Напуштањето на Threads би можело да биде проблем за многумина што биле љубопитни само да видат каква е апликацијата.
Во Meta се потрудиле да олеснат што е можно повеќе за приклучување во Threads, а истовремено го комплицирале заминувањето.
Поради поврзаноста на Instagram и Threads профилите, нема да можете да го избришете само едниот профил.
На пример, ако сакате да го избришете профилот на Threads, ќе останете и без профил на Instagram.
Повеќето сигурни сме дека нема да го прифатат тоа. Овозможено е само деактивација на профилот на Threads, со задржување на Instagram профилот, но сите податоци и објави на корисниците ќе си останат на серверите на Meta.