Синдикатите и Владата вчера постигнаа договор за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор.
Платите во јавниот сектор од 1 септември ќе бидат зголемени за 10 отсто, а вработените ќе добијат 10.000 К-15.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска изјави дека е постигнат договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите оние спорни прашања кои со месеци се разговараат со претставниците на синдикатите.
„Договоривме дека новата методологија за пресметка на плати за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година. Со септемвриската плата во 2023 ќе биде покачувањето од проценти на платите во јавниот сектор, К-15 до крајот на декември 2023 година во висина од 10.000 денари, а во општиот колективен договор ќе стои одредба за исплатата на К-15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата во изминатата година, објави во изјавата за медиумите по средбата Тренчевска.
Извор: strumicadenes.mk