Според податоците на Евростат, Службата за статистика на ЕУ, вработените во Македонија работат 39 часа, во Црна Гора работат 42,8 часа неделно, потоа Србија со 42,3 а во Турција со 42,9 часа.
Просечното неделно работно време во Европа варира многу, пишува Euronews, додавајќи дека особено земјите со поголем број на работници со скратено работно време пријавиле пократки просечни работни недели.
Минатата година, просечниот број на неделни работни часови, според податоците на Евростат, на главната работа во ЕУ се движеше од 32,4 часа во Холандија до 39,7 часа во Грција и Романија.
Ова ги вклучува и работниците со полно и со скратено работно време на возраст од 20-64 години.
По Грција и Романија следат Полска 39,5 часа, Бугарија (39,2 часа) и Северна Македонија 39 часа, објави порталот РТЦГ. Сето ова, се вели, сугерира дека луѓето во балканските земји имаат најдолго просечно работно време неделно.
Извор: biznisinfo.mk